Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија, вдишал чад додека помагал во гасење на пожарите

451846941 877146731112710 2767509928889465162 N 960x745 1.jpg

Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, вчера завршил на инфузија откако во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во Струмичко. Веста ја објави Противпожарната бригада Струмица.

Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога пожарот ескалираше, вдишувајќи многу чад, мораше да прими инфузија“,информираа од струмичката бригада.

Костадинов ја сподели објавата на струмичката противпожарна бригада и напишa: „Ви благодарам браќа на жртвата ваша за цела Струмица! Да бидеме сите во добро здравје.“

Најави дека струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со пожарите.

Можете да прочитате

15-годишник од Велес украл автомобил, удрил во бетонски ѕид и избегал

Претрес кај 63-годишник – Пронајдени 116 грама хашиш

Владо Бучковски избран за претседател на Сенатот на УКИМ