Утрински Весник
Свет

Говорот на патријархот Кирил го „запали светот“: Секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот

Говорот на патријархот Кирил го „запали светот“: Секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил Први го повика локалното свештенство „да и помогне повеќе на руската армија која се бори во Украина од 24 февруари 2022 година“.
Кирил смета дека Руската православна црква треба повеќе да и помага на руската армија, па затоа повика сите црковни парохии да ги „мобилизираат своите парохијани“.

dobivaj vesti na viber

Говорот на поглаварот на Руската православна црква го објави прес-службата на Московската патријаршија, а го пренесе „Глобал њуз“.

„Ако велиме дека Црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне на оние кои се на линијата на огнот. Мора да ги мобилизираме нашите парохијани да собираат предмети и храна. Барајте можности, собирајте пари, праќајте пакети, ако е можно, одете сами, поддржете ја војската“, апелираше патријархот за време на празничната трпеза во Соборниот храм Богојавление.

Во истиот говор, поглаварот на Руската православна црква ја спореди војната во Украина со Големата патриотска војна и патриотската војна од 1812 година, кога „речиси цела обединета Европа се обиде да ја освои Русија“.

Сега, според патријархот, „целиот западен свет повторно се вооружи против Русија“.

„Зошто да не се откажеме? Затоа што ние сме алтернативата, а алтернативата е многу привлечна. Русија е таа која ги отфрла најлошите манифестации на глобализацијата и стана светилник на светот. Луѓето ја гледаат Русија како земја која покажува лојалност кон традиционалните вредности, како што се семејството, чувството за должност, патриотизмот“, рече тој.

По руската инвазија на Украина, патријархот Кирил отворено ја поддржа војната. Во своите проповеди често спомнува воени дејствија, а ги оправдува и причините за инвазијата.

Меѓудругото, тој рече дека војната е предизвикана од надворешни сили за да ја ослабат Русија. Сега отиде уште подалеку и во споменатиот говор најави крај на светот во случај на пораз на Русија.

„Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Го молиме Господа да расудува со лудаците и да им помогне да разберат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот“, заклучи патријархот Кирил I.

 

Можете да прочитате

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили

Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца

Американската централна банка потврди рекордна загуба