Утрински Весник
Македонија

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Mickoskigjorce.jpg

Се очекува жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден да добијат технички исправна вода, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела.

Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од скопскиот водовод за хиперхлорирање на цевководот.

Како што истакна Мицкоски, наместо конструктивност, опозицијата одбрала да користи неосновани обвинувања и да шири непотребна паника кај граѓаните.

-Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да се издаде соопштение дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела.

Мене ме чуди што опозицијата ја критикува општината и раководството кое самите го поддржуваа за време на локалните избори. Владата испорачува резултати и ќе продолжи тоа да го прави – рече тој.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар -утре, но кој да му верува?

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Возач на трактор загинал кај Градско