Утрински Весник
Македонија

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка

Pozarnikari.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Аеродром – поточно во село Горно Лисиче каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и во Општина Крива Паланка каде е запалена депонија.

Под контрола е пожарот во Општина Зелениково – над с. Зелениково (шума, ниска вегетација).

Изгаснати се 22 пожари:

Општина Гази Баба – с. Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја);
Општина Ѓорче Петров – населба Волково (куќа, бандера и ниска вегетација);
Општина Сопиште – с. Чифлик (борова шума и ниска вегетација);
Општина Арачиново – с. Арачиново (депонија);
Општина Студеничани – стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација);
Општина Карпош – ул. Скупи (ѓубре);
Општина Новаци – кај езерото Букри (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Бело Поле (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Браилово (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација);
Општина Прилеп – м.в. Варош (ниска вегетација);
Општина Чашка – с. Бањица (ниска вегетација);
Општина Велес – с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација);
Општина Велес – населба Превалац (ниска вегетација);
Општина Росоман – с. Паликура (ниска вегетација);
Општина Струга – с. Биџево (ниска вегетација);
Општина Струга – с. Долна Белица (дива депонија);
Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Врапчиште – с. Сенакос (ниска вегетација);
Општина Желино – с. Палатица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација);
Општина Делчево – депонија Делчево (депонија).

Можете да прочитате

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

ДУИ: 83 седници без објавени записници на албански јазик

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери