Утрински Весник
Спорт

Голманот на ПСЖ ги скршил пршлените на вратот и имал мозочен удар

Голманот на ПСЖ ги скршил пршлените на вратот и имал мозочен удар

Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико е хоспитализиран во „тешка состојба“ по несреќата на јавање во Андалузија, потврди клубот.

dobivaj vesti na viber

„Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на ПСЖ без да даде детали за околностите на несреќата.

Шпанскиот портал „Релево“ открива шокантни детали: „Следните 48 часа се клучни и се сметаат за одлучувачки за проценка на неговата состојба“.

Според нивните сознанија коњот на Рико се судрил со друг, коњ. Голманот и неговиот коњ паднале на земја, а едно од животните со копито го удрило Рико во главата. Рико потоа ги скршил пршлените на вратот и доживеал мозочен удар. Брзо пристигнала итната помош која со хеликоптер го пренела повредениот голман во болницата во Севилја.

Таму веднаш бил ставен во вештачка кома, а според телевизискиот канал „Канал Сур“, следните 48 часа ќе бидат клучни за неговиот живот.

Во саботата вечерта во Стразбур, Рико беше на клупата на мечот на кој ПСЖ стана шампион на Франција, а во неделата наутро веќе беше во Андалусија, каде што ја доживеа оваа несреќа во близина на неговиот дом во Ел Росио, во провинцијата Хуелва. .

Серхио Рико пристигна во ПСЖ во 2019 година од Севилја и одигра 24 натпревари за клубот од Париз.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами