Германската полиција денеска беше вклучена во потера по возач на автомобил со 300 километри на час во близина на југозападниот град Штутгарт.
Потерата според медиумите во регионот била како на филм, а се започнало кога возачот наишол на сообраќаен метеж, а потоа свртел и забрзал назад кон Штутгарт возејќи во погрешна насока.
Очевидци повикале итна помош, а во потерата се вклучила и полицијата која во неколку наврати го губела возилото од вид. Полицискиот хеликоптер го пронашол возилото кое возачот го оставил на автопатот, го паркирал и побегнал.
Возилото е одземено, а истрагата се обидува да утврди кој го управувал.
Во ноќната потера учествувале 41 полициско возило од шест полициски станици и еден хеликоптер.