Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од општина Центар

Герасимовски: За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од општина Центар
Ss2

Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање парична помош на родителите.

Ss1

Во измените се додава и правото за остварување парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на општина Центар.

Со оваа активност Општина Центар уште еднаш покажува дека се грижи за најмладите жители давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што се помагаат семејствата со принова туку Општината добива и евиденција за новородените деца на нејзина територија.

Ss1

Можете да прочитате

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие