Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Која е улогата на Љупчо Кузмановски, кадар на СДС, советник за безбедност на директорот, во бегството од затворот „Идризово“?

(Видео) Стоилковски: Која е улогата на Љупчо Кузмановски, кадар на СДС, советник за безбедност на директорот, во бегството од затворот „Идризово“?
300x250 (7)

Молчи СДС, молчи и Миле Зечевиќ за значењето на пораката „со шефот до крај“ на Срѓан Димитриевски, командирот на затворската смена, одговорен за бегството на Беким Мемети, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Молчи и ДУИ за Идриз Асани, молчи и за Феми Јонузи, заменик-директорот на затворот ‘Идризово’, двајцата од ДУИ од Студеничани. Денеска одиме понатаму со испреплетени партизирани решенија во затворската администрација, одговорни за спектакуларното бегство.

Ss1

Зечевиќ и СДС мора да кажат каква е улогата на Љупчо Кузмановски во сценариото за бегството на Беким Мемети? Дали Љупчо Кузмановски е советник за безбедност во КПУ ‘Идризово’, дали е советник на директорот Шпенд Тахири? Дали како советник на директорот директно е одговорен за безбедноста на затворот и за спроведување затвореници, а со тоа директно е одговорен за бегството на Беким Мемети, осуден затвореник за убиство? Дали Љупчо Кузмановски е дел од затворската администрација на барање на Зечевиќ во исполнение на Марјан Спасовски, директорот за санкции?

Ова е фотографија на која се Срѓан Димитриевски, викан Попот, а со него во сина маичка е Љупчо Кузмановски, советник за безбедност на директорот на КПУ ‘Идризово’, Шпенд Тахири.

Кузмановски и сега ѝ е познат на јавноста по срамното спречување на народот да присуствува на прославата на Крушево, минатата година да присуствува на Мечкин Камен како дел од параполицијата на СДС“, вели Стоилковски.

Бегството на Беким Мемети, затвореник за убиство и дрога, според него, е само уште еден доказ колку системот е девастиран со системската корупција и криминал. И сè уште ги нема вистинските одговори дали и колку е политичка одлуката за реализација на ова бегство имајќи го предвид молкот од СДС и ДУИ за нивните членови – сега веќе осомничени за договорено учество во оваа исценирано бегство“, додаде Стоилковски.

Заради партизација, криминал и корупција, за пусти пари, Македонија ја претворија во територија на мафијата и организираниот криминал, заклучи тој.

Ss1

Можете да прочитате

Починва менаџерот и урбаната легенда Џаро

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените но ќе растат условите и за временски непогоди

Има ли шанси за пресврт на претседателските избори? Борис Трајковски успеа да анулира предност од 120.000 разлика на изборите во 1999 година

Утрински Весник