Утрински Весник
Спорт

Специјалниот билет за дуелот меѓу Роналдо и Меси во Ријад ќе чини најмалку 2,6 милиона долари

Специјалниот билет за дуелот меѓу Роналдо и Меси во Ријад ќе чини најмалку 2,6 милиона долари

Неверојатни 2,6 милиони долари е сумата што досега е „набилдана“ со наддавање за специјалниот билет за дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси на 19 јануари во Ријад. Двете ѕвезди на светскиот фудбал ќе се соочат во пријателскиот натпревар меѓу ПСЖ и комбинираниот тим од најдобрите играчи на саудиските клубови, Ал Хилал и Ал Наср, чиј капитен ќе биде Португалецот.

dobivaj vesti na viber

Специјалниот билет со наслов „Beyond Imagination“ е ставен на аукција, која завршува на крајот од денешниот ден. Оној што ќе даде најмногу пари ќе добие право на специјалниот билет, да го следи мечот од посебна позиција во ложата, како и да ги посети соблекувалните на двата тима и лично да се сретне со Меси и со Роналдо.

Досега саудискиот бизнисмен Мушреф Ал Гамди, кој е генерален менаџер на групацијата за недвижнини „AqarOne“, води на наддавањето со 2,6 милиони долари, пренесува „Марка“.

Овој натпревар ќе биде и деби на Роналдо во Саудиска Арабија, бидејќи поради суспензија од периодот во Манчестер Јунајтед не смееше да игра од неговото доаѓање во Ал-Наср.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и селекцијата на фудбалери од првенството на Судиска Арабија ќе ги спротивстави Меси и Роналдо за првпат по 2020 година, кога Јувентус на Кристијано ја победи Барселона на Лео Меси со 3:0 во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај