Утрински Весник
Македонија

Гаши се сретна со турскиот амбасадор: меѓусебните односи се на највисоко ниво

Thumbnail 1.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со турскиот амбасадор, Н.Е. Фатих Улусој, на која соговорниците беа сложни дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.

Претседателот Гаши се заблагодари за целокупната поддршка којашто Турција ја дава на нашата земја уште од независноста па навака. За нивото на меѓусебна соработка сведочи и интензитетот на средби на највисоко ниво.

Земјите ги поврзуваат историски и културни врски, а граѓаните од турската заедница во земјава се мост меѓу двете земји.

Во нашата земја редовно се одбележува 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, на кој традиционално гостува претседателот на Големото национално собрание на Турција.

Во двата парламента се формираат и успешно функционираат пратенички групи за пријателство и соработка, а постои и плодна соработка во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

Во однос на економијата, културата и образованието, меѓусебните односи се на највисоко ниво. Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори и се јавува како стратешки инвестициски партнер.

Исто така, Турција беше принципиелен поддржувач на нашето членство во НАТО, каде сега сме сојузници, а надежите се дека во скоро време двете земји ќе бидат и дел од Европската Унија.

Двете страни изразија убедување дека плодната соработка на највисоко парламентарно и државно ниво ќе продолжи и во тековниот парламентарен состав, со меѓусебни посети.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице