Утрински Весник
Македонија

Фуркан Салиу: Ако утре ми се случи нешто одговорите барајте ги кај Латас и Тошковски

Saliu 1.jpg

„Вчера на емисија на национален медиум Драган Павловиќ Латас го поздрави насилството врз мене. Денеска Г. Москов бара да ми се запамети лицето од страна на ЕБР. Ако утре нешто ми се случи на мене, одговорите треба да ги барате кај Љупчо Москов и Драган Павловиќ Латас како и кај Министерот Тошковски. Љупчо Москов, познат за внатрешната контрола при МВР. Вработен во МВР, а според информациите од наши извори откако е дојден техничкиот министер поставен е на повисока функција“ пишува на социјалните мрежи новинарот Фуркан Салиу.

Салиу упати благодарност до припадниците на Единицата за брзо распоредување и ги повика нејзините припадници да не наседнуваат на манипулации.

„Со скриншот на група каде што има над 7300 членови, припадници на полицијата, вклучително и припадници на ЕБР директно повикува на насилство. Бара од полицајците да ми се памти лицето и да не ми се заборави. Ме прикажува мене како непријател на полицијата, имплицира дека сум нечиј платеник и дека работам против државата. Замислете, полицаец кој што треба да не заштитува повикува на насилство, си тера политика а па обични смртници вработени во МВР не смеат да објават слика со членови од потесното семејство. Драги припадници на ЕБР, не знам колку пати во овие 9 години вие сте ме спасиле од ситуации во кои што ми бил загрозен и животот.
Вие ме спасивте на 27 април. Ме спасивте и во Лојане и многу други ситуации каде што ни помогнавте. Не дозволувајте да ве манипулираат. Не сте вие против граѓаните. Вие сте граѓаните.
Не сме ние новинарите против вас, туку сме против некој што од некоја канцеларија ве користи за да се богати полесно на ваш и на наш грб.Припадниците на ЕБР не сносат никаква вина што во некои оперативци во канцеларии не пресметале добро што би можело да се случи на терен.
Уште од вечерва информиран е мојот адвокат и ќе бидат преземени сите легални мерки.
Ова насилство, ова безредија во најава не само што никој не го спречува туку со пасивноста се поттикнува. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! НАРОДОТ, ПОЛИТИЧАРИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЖИВЕАТ И ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ!“ пишува Салиу.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата