Утрински Весник
Свет

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат кон Варшава или Прага

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече Николас Дипон-Ењан.

dobivaj vesti na viber

„Зеленски го жртвува својот народ, Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна против Русија“, изјави пратеникот на француското национално собрание и лидер на партијата „Стани, Франција во интервју за Спутник, нарекувајќи го украинскиот претседател „опасна личност“.

Пратеникот го повика и Западот да се согласи на мировен договор со Русија, кој треба да вклучува заштита на населението од Донбас што зборува руски и неутрален статус на Украина.

„Франција мора – како генералот де Гол за време на Виетнамската војна, како Жак Ширак за време на војната во Ирак – да ја одржи независноста на судот, да стане арбитер и да ги понуди своите услуги за вистински да го врати мирот“, заклучи тој.

Претходно, поранешниот европски заменик Флоријан Филипо им предложи на претседателите на САД и Франција, Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, да побараат од украинскиот лидер Володимир Зеленски да започнат да ги враќаат парите за дадената воена и финансиска помош.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, рече дека западните земји кои го поддржуваат режимот во Киев стануваат страни во конфликтот. Тој, исто така, истакна дека секоја пратка што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија. Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков истакна дека вооружувањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за успехот на руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект.

Можете да прочитате

САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва: Бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина

МСП му наложи на Израел да отвори копнени премини за хуманитарна помош за Појасот Газа

Руски воени бродови впловија во Црвено Море