Утрински Весник
Македонија

Фондот за здравство се согласи: со кусурот од првата набавка ќе се обезбеди „трикафта“ за уште четворица пациенти

Фондот за здравство се согласи: со кусурот од првата набавка ќе се обезбеди „трикафта“ за уште четворица пациенти

Уште четворица пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „трикафата“ со дополнителна нарачка. Фондот за здравствено осигурување даде согласност на Клиниката за детски болести во лекувањето да бидат вклучени уште четворица пациенти оти со првата набавка на лекот за осуммината пациенти кои се во најкритична состојба била постигната пониска цена и останал дел од предвидениот буџет од 2,2 милиони евра. Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева – Фуштиќ во петокот извести дека побарала согласност за вклучување уште четворица пациенти во лекувањето од Фондот за здравствено осигурување.

dobivaj vesti na viber

„Фондот го одобри барањето на ЈЗУ УК за детски болести во терапијата да бидат вклучени 12 пациенти со цистична фиброза, а не само 8 како што беше најавено. Бидејќи вкупниот износ на средствата потребни за третман на овие пациенти е во рамки на одобрениот условен буџет, одобрен со одлука на Управниот одбор на ФЗОРСМ на 09.02.2023 година“, велат од Фондот за „Макфакс“.

Од таму не одговорија на прашањата колку пари се останати од претходната нарачка и колку чини терапијата по пациент.

По смртта на Благојче Илиевски, еден од пациентите кои со месеци апелираа до властите да се обезбеди лекот, премиерот го задолжи Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување итно да одвои средства за болните од цистична фиброза. Истиот ден тогашниот министер за здравство Беким Сали, извести дека се одвоени 2,2 милиони евра за лекот и дека постапката за набавка веднаш ќе почне.

„Немам намера да ни умре друг пациент поради оваа невозможна бирократија“, рече премиерот Ковачевски по смртта на Благојче Илиевски и ги задолжи Фондот за здравство, МАЛМЕД, Бирото за јавни набавки и Министерството за здравство веднаш да постапат и да не се чекаат бесконечни тендери.

Парите за лекот беа обезбедени на деветти февруари и тогаш почнаа подготовките за набавка, а лекувањето со „трикфата“ почна еден месец подоцна, на десетти март.

Според податоците од Асоцијацијата за цистична фиброза во земјава има околу 130 пациенти кои чекаат на лекот. Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева – Фуштиќ, каде што четворица од најкритичните пациенти го добија лекот, објасни дека станува збор за таблетарна терапија па пациентите не мора да остануваат во болница. Еднаш месечно ќе доаѓаат да си ги подигнат таблетите од кои две се земаат наутро, една навечер. За осумтемина пациенти кои го добија лекот, обезбедена е терапија за цела година.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег