Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон

Ldp logo.png

Соопштение на ЛДП:

Детските приказни имаат едно правило: на крајот, херојот секогаш победува. Во политичките приказни на „Шефот на Елитата” изгледа доволно е само да „остварите средба”, да се поздравите и веднаш од тоа да направите историски дипломатски успех. Но, граѓаните заслужуваат факти, а не политички трејлери од Њујорк.


Затоа, сакаме јавно да ги демаскираме изјавите кои го отсликуваат вистинското расположение, наместо ПР-от кој што ни го сервираат:

Лага 1: „Разговаравме со Марко Рубио, бидејќи сме стратешки партнери”

Вистина 1: „Се поздравивме од нога, патем не ме ни позна (се гледа на видеото), а со кој Рубио остварил формални средби има на веб страната на Стејт Департментот”

Лага 2: „Имавме договорена средба со американската воена индустрија”

Вистина 2: „Скопска фирма си пуштила самата соопштение дека ја организирала средбата и на банерот така пишува, па тие викнале гости, пред сѐ консултанти.”

Лага 3: „Договоривме инвестиции во македонското стопанство”

Вистина 3: „Ништо не е договорено, правиме презентација на можностите во кои искрено кажано, нѐ претркуваат и соседите и членките на ЕУ”

Лага 4: „Достоинствено ја претставуваме Македонија на важни состаноци во ЕУ”

Вистина 4: „Се поздравивме со Вучиќ, имавме состанок со Јанез Јанша и културно се поздравивме и со другите кои се тука, како Урсула и Антонио”.

За ЛДП не е спорно дека Македонија треба да има силни односи со САД. Напротив, токму затоа бараме тие односи да се градат сериозно, институционално и со мерливи резултати.

На Македонија не ѝ треба Влада која секое поздравување го претвора во историски успех, туку Влада која работи во интерес на граѓаните и Влада која ќе покаже потпишани договори, реализирани инвестиции и нови работни места.

Можете да прочитате

За пет часа казнети 75 возачи за непочитување на правилата за првенство на минување

Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија, неколку часа подоцна ослободен

Одбележување на 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски