Утрински Весник
Македонија

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Piom.webp.webp

Фондот на ПИОМ ја известува јавноста дека наводите за наводна изјава на директорот Никола Мемов — дека „доколку се продолжи вака, Фондот нема да издржи“ — се целосно неточни и паушални.

Токму спротивното е вистината.


Директорот Мемов во сите свои јавни настапи доследно потенцира дека исплатата на пензиите е сигурна и се реализира редовно, секој први во месецот.
Никогаш не била доведена во прашање стабилноста и одржливоста на фондот, како и исплатата на пензиите.
Пензионерите се сведоци дека своите пензии ги добиваат секој први во месецот.

Ова тврдење се заснова врз постојното законско решение, според кое државата го надополнува евентуалниот недостаток на средства во Фондот, што значи дека државата е директен гарант за сигурната и навремена исплата на сите пензии.

Фондот на ПИОМ укажува дека:

·Со реформата од 2005 година е формиран вториот пензиски столб, во кој се одлеваат 6 проценти или околу 1/3 од вкупниот придонес за пензиско осигурување (кој изнесува 18,8% од бруто-платата).

·При креирањето на овој систем, државата уште тогаш предвидела дека ќе се појави системски недостиг на средства за исплата на пензиите во Фондот.
Поради тоа, во Законот за пензиското и инвалидското осигурување експлицитно е предвидено тој дефицит да се покрива директно од Буџетот на државата.

Раководството на Фондот и директорот Никола Мемов, постапувајќи како одговорен менаџмент, ги анализираше состојбите во пензискиот систем и ги констатираше аномалиите на системот кои се провлекуваат со децении наназад, а кои стимулираат неплаќање на придонесите за пензиско осигурување и неправичност при определувањето на пензиите.

За таа цел изготвена е детална анализа за која се дискутира во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Дополнително, релевантните меѓународни финансиски институции, како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, укажуваат дека е неопходна реформа на пензиските системи — не само во Македонија, туку и во повеќе земји членки на ЕУ.

Фондот на ПИОМ потенцира дека нема надлежности во изготвувањето на законски решенија, таа надлежност е на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Фондот може да дава свои стручни мислења, предлози, анализи и сугеститии како да се подобри пензискиот систем во Македонија и е должен да ги спроведува законските задолженија.

Фондот на ПИОМ во целост ги имплементира и ги поддржува политиките и мерките на Владата во сферата на пензискиот систем.

Фондот на ПИОМ уште еднаш категорично подвлекува дека во ниту еден случај нема изјава со која се тврди дека пензискиот систем е нестабилен или дека може да биде доведена во прашање исплатата на пензиите.

Можете да прочитате

Младите си заминуваат: СДММ и УМС со различни ставови за причините и решенијата

Гаши: Децентрализацијата е важен демократски принцип за зајакнување на локалната самоуправа

Министерот Зејнула презема важен ресор во Владата – меѓународни партнерства и странски инвестиции