Утрински Весник
Македонија

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Скопјанец бегал од полиција: Со автомобилот удрил во полицаец и во неговото возило
300x250 (7)

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во бегство.

dobivaj vesti na viber

Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе, соопшти Обвинителството.

300x250 (7)

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат.

Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула