Утрински Весник
Македонија

Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре

Venko.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до сите граѓани на нашата татковина.

-Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува претседателот Филипче.

Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена, потенцира тој.

-Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет. Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок, вели Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцира дека нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.

-Во ова време на нови  предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. Честит 8 Септември!, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Да ја продолжиме заедничката борба за просперитетна и стабилна Македонија!

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите