Утрински Весник
Македонија

Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот

20240908093834 Big 730x400 54.webp.webp

Во текот на денешниот ден жителите на Општина Крива Паланка и жителите на Општина Трговиште ќе можат да ја минуваат дражавната граница помеѓу Република Македонија и Република Србија на привремениот граничен премин во село Калово.

Преминот ќе биде отворен во периодот од 9 до 22 часот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

– Во текот на денешниот ден се овозможува непречено движење на Општина Трговиште и Општина Крива Паланка. За преминување на државната граница преку привремениот граничен премин потребно е физичкото лице да е државјанин на Република Северна Македонија или Република Србија, да поседува важечка патна исправа, лична карта или пасош, издадени согласно националното законодавство од надлежен државен орган на двете држави со кој може да се утврди идентитетот на лицето, информираат од Општина Крива Паланка.

Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пеш, со патнички автомобил, мопед или велосипед

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци