Утрински Весник
Македонија

Филипче му честиташе на Маѓар: Слободна Унгарија дава надеж за слободна Македонија!

Filipce x.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, му честиташе на Петер Маѓар  кој денеска положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, ставајќи крај на 16-годишното автократско владеење на Виктор Орбан.


„Честитки до новиот премиер Петер Маѓар и до целиот унгарски народ!

На Денот на Европа, Унгарија доби демократска влада.

По 16 години криминал, корупција, автократска власт и гушење на слободата под режимот на Виктор Орбан, Унгарија конечно доби шанса за нов почеток и слобода.

Иако нашите партии не се од иста идеологија, нè спојува демократијата и заедничката борба против автократските режими.

Вие и вашата партија Тиса ја ослободивте Унгарија од авторитарниот и корумпиран режим, ѝ го вративте достоинството, го отворивте патот кон вистинска демократија и ја вративте надежта на своите граѓани.

Ние во Македонија водиме иста борба. Како и вие, се спротивставуваме на истиот тип на корумпиран, авторитарен и антиевропски модел на власт.

Како и вие, веруваме дека промената е возможна и дека никој не смее да биде над законот.

Се надеваме дека овој ден на радост и промена наскоро ќе дојде и во Северна Македонија – денот кога сите оние кои ја злоупотребуваа власта, ја крадеа државата и ја туркаа Македонија во изолација, ќе одговараат пред лицето на правдата.

Ние веруваме во демократија во која институциите работат за граѓаните, а не за една партија.

Веруваме во Европа како заедница на вредности, а не како закана.

Веруваме во вистинските вредности – слобода, правда и почит кон човековите права.

Веруваме дека вистината мора да победи над лагите и пропагандата.

Веруваме во слободни медиуми кои информираат, а не кои служат на власта.

И веруваме во слободен говор без страв од репресија.

Нека вашата победа биде инспирација за сите нас кои се бориме за слободна, демократска и европска иднина.

Нека нашите земји во блиска иднина ги поврзува пријателството и соработката, а не корупцијата и медиуми за ширење пропаганда во служба на криминални групи.

Слободна Унгарија – слободна Македонија!

Во свое име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви посакувам успех во работата како премиер.

Да живее Европа!

Можете да прочитате

Четири повредени момчиња по синоќешната сообраќајка кај Ласкарци

Мисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбраната

Три смртни случаи од западнонилска треска, 35 потврдени случаи