Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Foto.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена”  веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

– До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега.  Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.


Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.


Можете да прочитате

Се одложува санацијата на заштитната ограда на мостот „Близнак“

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски”, подобри услови за спорт и развој на учениците

Без струја делови од Илинден, Петровец, Кисела Вода и Аеродром