Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија” во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ

9175e3aa 16fa 4c94 8d5d 56f394e3967d.jpeg

Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија” – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.

„Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа и 50 годишниот јубилеј на Општина Центар”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на целиот ден посетителите можea да дегустираат домашни и европски специјалитети, како и пијалоци на штандовите поставени во паркот, истовремено уживајќи во разновидната музичка програма која почна со настапот на детската група „Поточиња”, по што следуваа диџеј настапи и блуз, па сè до доцните ноќни часови со „Куку Леле” и „Илче Брас Левис Бенд”.

Со оваа манифестација Општина Центар уште еднаш ги обедини граѓаните во срцето на Скопје, нудејќи им содржини кои ја креваат културата во градот на едно поквалитетно и поавтентично ниво.

Можете да прочитате

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон” е чист зошто ЈСП со месеци го крие

Надлежностите во Карпош привремено ги презема Крстевски, Лукровски на боледување е велат од општината