Утрински Весник
Спорт

ФИФА со жесток удар кон ПСЖ

ФИФА со жесток удар кон ПСЖ
Ss2

Францускиот шампион ПСЖ доби тежок удар од ФИФА, која му забрани да позајмува играчи за време на зимскиот преоден рок поради достигнување на лимитот. Парижаните треба да го намалат буџетот за платите и тоа се обидоа да го направат токму со испраќање играчи во други тимови, пренесува „Л’Екип“.

dobivaj vesti na viber

ПСЖ ги испратија Џорџинио Вајналдум во Рома, Мауро Икарди во Галатасарај, Јулијан Дракслер во Бенфика, Абду Дијало во Лајпциг, Левин Курзава во Фулам, Андер Ерера во Атлетик Билбао, Колин Дагба во Стразбур и Леандро Паредес во Јувентус.

Ss1

По забраната на ФИФА, единствениот начин на кој ПСЖ може да „отвори“ пари и да го намали буџетот за плати е да продава играчи, како што направи со Пабло Сарабија, кој се пресели во Вулверхемптон.

Голманот Кејлор Навас има една од највисоките плати во клубот и најверојатно ќе биде продаден откако одигра само еден натпревар оваа сезона.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“