Утрински Весник
Спорт

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

20260820204720 big 730x400 26.webp.webp

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето.

„Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз.

Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога поради повреда мораше да го откаже настапот, а потоа ги пропушти турнирите: Ролан Гарос, Вимблдон, како и Монтреал и Синсинати.

Мечот на Алкараз во првото коло ќе биде секако следен со големо внимание.

Можете да прочитате

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство