Утрински Весник
Спорт

ФИФА го испрати дома судијата Лахоз

ФИФА го испрати дома судијата Лахоз

Шпанскиот арбитар Антонио Матеу Лахоз е испратен дома и нема повеќе да суди на Светското првенство, одлучи ФИФА. Лахоз го судеше четвртфиналниот натпревар помеѓу Холандија и Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, натпреварот со многу тензии заврши 2:2, по изведувањето на пенали Аргентина избори место во полуфиналето.

Аргентинците беа подобри во играта, но натпреварот мина со многу тензии на теренот и надвор од него. Се чини дека за тоа ФИФА го обвинува Лахоз, кој подели дури 15 жолти картони и според многумина многу лошо ја контролираше играта и несоодветно ги дисциплинираше играчите.

Можете да прочитате

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот