Утрински Весник
Спорт

Фергусон со честитки за Клоп пред неговиот 1.000-ти меч како тренер

Фергусон со честитки за Клоп пред неговиот 1.000-ти меч како тренер
Dik 300x250 mk

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон му честиташе на првиот човек на Ливерпул, Јирген Клоп, пред 1.000-ти меч како фудбалски тренер. Германецот има уште многу пред него за да го стигне Ферги, кој има 2.062 меча како тенер.

dobivaj vesti na viber

„Пресреќен сум што можам да му посакам добредојде на Јирген во клубот 1.000. Јирген несомнено е еден од најталентираните фудбалски менаџери во светскиот фудбал и посветеноста и страста која ја носи во работата е инспирација за секој кој сака да тргне со оваа кариера. Трофеите кои ги освои во својата кариера, вклучувајќи ги тие во последните сезони во Лигата на шампиони и Премиерлигата со Ливерпул го потврдуваат неговиот статус во фудбалската елита“, вели Фергусон.

55-годишниот Клоп започна со тренерската кариера во клубот каде што беше фудбалер, Мајнц во 2001 година, пред во 2008 година да се пресели во Борусија Дортмунд, со кои двапати ја освои Бундеслигата. Тој пристигна на „Енфилд“ во 2015, освојувајќи ја шестата титула од ЛШ и завршувајќи ја 30-годишната „суша“ во Премиерлигата во 2020 година. Неговиот 1.000-ти меч е против Челси на „Енфилд“.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето