Утрински Весник
Свет

Во Русија започнаа парламентарните избори, ќе траат три дена

Moskva.webp.webp

Гласачките места беа отворени во петок наутро по локално време на рускиот Далечен Исток, со што започнаа тридневните парламентарни избори на кои се очекува победа на партијата на рускиот претседател Владимир Путин во услови на војна во Украина.

Руските агенции РИА Новости и ТАСС објавија дека првите локации беа отворени во петок во 8:00 часот по локално време на полуостровот Камчатка и во автономниот округ Чукотка.


Гласањето за 450 места во Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, е предвидено да трае до недела во 20:00 часот по средноевропско време, а првичните резултати се очекуваат наскоро потоа.

Овие парламентарни избори се првите од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Избори се одржуваат и на териториите контролирани од Русија во источна Украина, како и на црноморскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година

Можете да прочитате

Во Иран се воведуваат затворски казни за соработка со медиуми прогласени за непријателски

Литванија сака да ја укине забраната за нуклеарно оружје, Kремљ предупредува на ескалација

Насилни протести во Барселона поради станбената криза