Утрински Весник
Свет

Захарова: Западните политичари треба да направат процени на ризик при посетите на Украина

Zaharova 1.webp.webp

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека западните политичари и дипломати треба да направат процени на ризиците при посета на Украина.

Нејзината изјава уследи откако во неделата руски дрон погоди патнички воз, само неколку минути откако поминал дипломатски воз, во кој биле поранешниот британски премиер Борис Џонсон, поранешниот шведски премиер Карл Билд и поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петрес.


Захарова наведе дека железницата и транспортната инфраструктура, што ја опслужува украинската армија се легитимни цели за руските сили. Таа потсети дека Русија во мај ги предупредила странските дипломати да заминат од Киев поради руските напади врз украински воено-индустрискиот комплекс.

Можете да прочитате

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата

Пентагон првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија