Утрински Весник
Македонија

Ферати-Лосон: Безбедноста, меѓуинституционалната соработка и зајакнувањето на младите се наш приоритет

Ferati lawson 4.jpeg

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји.

Значаен дел од разговорот беше посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на стабилноста и општествената кохезија за европската перспектива на регионот. Во таа насока, беше истакната потребата од континуирана соработка и размена на искуства со меѓународните партнери, со цел зајакнување на институциите, меѓуетничките односи и придонесот кон регионалната безбедност и стабилност.

Министерот Ферати и амбасадорот Лосон разговараа и за британската програма G2G, со посебен фокус на вклучувањето на младите и развојот на нивните вештини. Беше оценета важноста од создавање можности за младите преку програми кои ги развиваат нивните вештини во областа на претприемништвото, комуникацијата и лидерството, подготвувајќи ги за поактивна улога во економскиот и општествениот развој на земјата.

Можете да прочитате

Со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата, приведен 52-годишен маж

Пожар во автобус на ЈСП, возачот сам го изгаснал

Tурнал скала на која работел вработен во ЕВН, а потоа со тврд предмет го нападнал и другиот вработен