Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Талогот во СДС го надмина секое дно, одредени центри блиски до СДС шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана и загадена.

СДС шират паника по социјалните мрежи преку лажни пораки од активисти на СДС  дека наводно во водата имало бактерии, дека е контаминирана и загадена со цел да создадат паника кај населението и поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода.

СДС со умисла содааат паника за одредени структури да профитираат.

Ова е безобразен, организиран напад на опозицијата, СДС и Левица за ширење хистерија, страв и паника.

Граѓаните на Скопје пијат чиста и безбедна вода, тоа го потврдија и сите надлежни институции. Секој ден се прават околу 40 тина анализи на вода од различни локации во град Скопје. Скопје има една од 5-те најдобри води и извори на вода во Европа.

Венко Филипче од Грција каде е на одмор кај Заев дал насока до партиските послушници од СДС да креираат хаос и паника кај населението бидејќи нема што друго да понудат на граѓаните.

СДС да не си поигрува со здравјето на граѓаните. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. ЈО да почни да работи.

Можете да прочитате

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!