Утрински Весник
Спорт

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја

Gjuretanovic.png

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше одличен настап на Европското првенство во Париз, поставувајќи нов државен рекорд на 200 метри слободно.

Ѓуретановиќ, кој е единствениот македонски претставник на првенството, во квалификациите ја исплива делницата за 1:52.59 минута, со што за 15 стотинки го подобри досегашниот национален рекорд.

Стариот рекорд беше во сопственост на Александар Маленко и опстојуваше цели 30 години, откако беше поставен во Копенхаген.

Со денешниот резултат, Ѓуретановиќ воедно го подобри и сопственото најдобро време. Тој пливаше за 27 стотинки побрзо од личниот рекорд што го постави во јуни годинава.

Македонскиот пливач го освои шестото место во својата квалификациска група од десет натпреварувачи, додека во генералниот пласман заврши на 70. место во конкуренција на 87 пливачи.

Настапите на Ѓуретановиќ во Париз продолжуваат в недела, кога ќе се натпреварува на 400 метри слободно.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА