Утрински Весник
Македонија

Фатен крадец во Струмица, затекнат при кражба во црква

Kradecz.png

Полициски службеници синоќа во 23:40 часот во Струмица го лишиле од слобода струмичанецот С.Х. (26), кој бил затекнат при извршување на „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица.

Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Крадецот со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и го уапсиле.


Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба. С.Х. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата