Утрински Весник
Македонија

Фатен е крадец на дело во Скопје

Фатен е крадец на дело во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 15.09.2022 околу 16.30 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Битола.

dobivaj vesti na viber

Тој бил затекнат при обид да одземе пари од каса на продажен објект.

Парите му биле одземени и вратени на сопственикот.

Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

За настанот бил известен Јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Можете да прочитате

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана