Утрински Весник
Свет

Камила има страшни болки, скршила прст на ногата

Камила има страшни болки, скршила прст на ногата
300x250 (7)

Сопругата на британскиот крал, кралицата Камила, наводно го скршила палецот на ногата пред повеќе од две недели. Повредата се случила пред смртта на кралицата Елизабета Втора минатиот четврток, објавија британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Камила го придружува кралот на неколку служби и настани по неговото прогласување за нов монарх. Се верува дека повредата на 75-годишниот не бара болничко лекување, пренесува „Мирор“.

Ss1

Во средата таа се возеше со принцот од Велс на служба во Вестминстерската сала.

Таа беше на нозе за време на службата во средата, која му претходеше на отворањето на Вестминстерската палата за јавноста каде сакаше да му оддаде почит на британскиот монарх со најдолг стаж.

„Камила го скрши палецот на ногата и иако се лекува, има многу болки“, изјави извор за The Sun.

„Тоа е ужасен момент, но таа се бори и не дозволува скршениот палец да ѝ пречи на нејзините должности и го прави она што треба да го направи за кралот, семејството и земјата“ – додава тој.

„Нема да коментираме за здравствените состојби“, изјавил портпаролот на кралското семејство.

Ss1

Можете да прочитате

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Блинкен пристигнува во Ријад – 24info.mk

Фатена кинеска банда која фалсификувала монети од две евра