Утрински Весник
Економија

Евростат: На Европјаните се потешко им е да врзат крај со крај

Евростат: На Европјаните се потешко им е да врзат крај со крај

Се повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба. Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци е зголемен во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на Европската Унија опфатени со истражувањето, објави Евростат.

dobivaj vesti na viber

Намален е само во Словенија и Финска. Податоците до Евростат ги доставија Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска. Според нив најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.

Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци.

Нивниот удел беше најмал во Финска, и изнесуваше 11 проценти. Истражувањето покажало дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци. Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од една четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби.

Можете да прочитате

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството