Утрински Весник
Спорт

Бразил е во осминафинале, Касемиро го проби швајцарскиот бедем

Бразил е во осминафинале, Касемиро го проби швајцарскиот бедем
300x250 (7)

Бразил е вториот осминафиналист на Светското првенство. По  светскиот првак Франција и „кариоките“ ја остварија втората победа на Мундијалот совладувајќи ја Швајцарија со 1:0.

dobivaj vesti na viber

Без повредениот Нејмар, избраниците на Тите долго бараа решение за одбраната на Швајцарците, ја проби прво Винисиус Жуниор, но голот не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде претходно Ришарлисон.

300x250 (7)

Конечно, во 83.минута, Касемиро ја презеде улогата на Нејмар, распали откосо од левата страна во шеснаесетникот и погоди во спротивниот агол за водство и триумф на Бразил.

Швајцарците сега ќе имаат пресметка во третото коло против Србија за пласман во нокаут фазата од втората позиција.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“