Утрински Весник
Спорт

Евролига: Барселона загуби од Жалгирис, Баерн Минген го изненади Реал Мадрид

Nenad Dimitrijevic 2.jpg

Во својот прв натпревар од новата сезона во Евролигата кошаркарите на Олимпија Милано претрпеа пораз на гостувањето кај Монако со 93:80. Своето деби во елитното клупско натпреварување го имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на италијанскиот клуб.

Нашиот плејмејкер беше втор стрелец во својот тим со 11 поени, шест скокови и пет асистенции за 24 минути на паркетот, а исто така и З. ЛиДеј постигнаа 11 поени.

Поефикасен од Димитријевиќ и З. ЛиДеј беше само Американецот А. Брукс со 16 поени. На спротивната страна доминираше А. Диало со 20 поени (пет скокови, четири асистенции), додека Е. Окобо реализираше 14 поени (четири асистенции).

Следниот евролигашки предизвик Олимпија Милано ќе го има на 11 октомври на домашен терен против Париз.

Евролига, четврток

Алба Берлин – Панатинаикос 77:87, Монако – Олимпија Милано 93:80, Жалгирис Каунас – Барселона 74:67, Басконија – Партизан 88:82, Баерн – Реал Мадрид 88:72, Макаби Тел Авив – Лион Вилербан 89:82.

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1