Утрински Весник
Спорт

Миовски: Ми се оствари сонот да играм во ЛШ

Miovski Debi.jpg

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го оствари својот сон од детството и ќе го памети дебито, но и како што кажа му е жал за поразот на неговиот тим и пред се поради промашениот пенал од негова страна.Македонскиот напаѓач на своите социјални мрежи напиша:

“Дебито во Лигата на Шампионите за мене е остварување на уште еден сон, но за жал не е секогаш како што посакувате. Сепак, се тоа ќе ме направи уште посилен и повеќе фокусиран за следниот натпревар во Лигата на Шампионите“.

Инаку Миовски вчера на мечот беше стартер во составот на Џирона, имаше шанса во својот деби настап да го постигне и деби голот во ЛШ, но не успеа да го релизира пеналот во таа 67.минута.

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри