Утрински Весник
Спорт

Веспрем е светски ракометен клупски првак

12542556.jpg

Ракометарите на Веспрем победија на 17. издание на Светското клупско првенство во натпреварот кој се одигра во престолнината на Египет, Каиро.

Веспрем во финалето славеше над минатогодишниот шампион, Магдебург. Натпреварот во регуларниот дел заврши 28:28, на крајот Веспрем славеше 34:33. За тимот од Унгарија ова беше прва титула светски клупски шампион.

Во победата блескаа француските репрезентативци Фабрегас со девет и Ремили со осум гола. Најдобар кај Магдебург беше Омар Магнусон кој постигна седум гола.

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри