Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе санкции за воените крила на Хамас и Исламски џихад

1708698095 hamas 1.jpg

Земјите од Европската Унија денеска воведоа санкции за војската и специјалните единици на Хамас, како и за вооруженото крило на палестинскиот Исламски џихад, поради кршење на човековите права и одговорност за сексуално и родово насилство и за нападот врз Израел на 7 октомври.

Земјите на ЕУ соопштија дека со тоа што воените крила се ставени на списокот на санкционирани поради кршење на човековите права, сега Касам и Ал Кудс бригадите и силите Нукба се предмет на замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат