Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Со заокружување на број 2 на 24 април за Силјановска Давкова, Македонија ќе биде повторно горда

Hristijan Mickoski 12.04.2024.jpg
Img 5587

Секогаш кога имаме влада од СДСМ има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Гостивар.

Мицкоски  рече да треба да не загрижува принципот во трите збора „како до сега”.

Img 5587

„И тука има голема вистина, сите потценуваат, јас само сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во 4 очи, повеќе имот на семејството на Груби низ Македонија, уште некоја утакмица во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда”, кажа Мицкоски.
Мицкоски апелираше дека граѓаните ќе имаат можност на 24 април да заокружат број два и оти ништо нема да има од ова до сега.

„Така Македонија ќе биде повторно горда, со заокружување на број 2″, потенцираше Мицкоски.
Претседателот Мицкоски се осврна и на Стево Пендаровски и неговата реторика на средбите со граѓаните и митинзите.

„Пред три дена, Пендаровски ја кажа целата вистина содржана во неговото битие, излезе пред граѓаните и рече – се сеќавате 2019 дека ви реков ќе победиме, и им вели ако не водиме во првиот круг очи не сакам да ви видам. Е тоа е Стево кој  немаше да знае каде е Македонија, тоа е тој кој повеќе од 30 години функционира на македонската политичка сцена и е измеќар и слеп послушник”, вели Мицкоски.

Ss1

Можете да прочитате

За брзо возење изречени 133 санкции за еден ден

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека нема да има дополнителни барања од Бугарија