Утрински Весник
Економија

ЕСМ: Го зголемивме производството за 26 проценти во споредба со лани

ЕСМ: Го зголемивме производството за 26 проценти во споредба со лани

Го зголемивме производството на електрична енергија за 26 проценти за единаесетте месеци годинава во споредба со истиот период лани, велат од ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Од јануари до ноември годинава АД ЕСМ со термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, гасната електрана Енергетика, хидроелктраните и системи Маврово, Тиквеш, Црн Дрим и Треска, и Ветерниот парк Богданци произвела 3.673.994 MWh електрична енергија што претставува зголемување за 26 проценти споредено со истиот период минатата година, кога беа произведени 2.922.342 MWh.

„Термоелектраните имаат натфрлање на производството од 29%, додека кај хидроелектраните е успеано да се одржи помало производство од планираното, се со цел водата во акумулациите да се заштеди за следниот период, и електричната енергија да се обезбеди преку другите капацитети. АД ЕСМ има законска обврска во 2022г да го снабдува регулираниот пазар со 60%, но, по задолжение од Владата, го снабдува во 100% и по значително пониска цена, се со цел да не дојде дo драстично зголемување на крајната цена која ја плаќаат граѓаните. АД ЕСМ со своето производство целосно ги задоволува потребите на регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи“, велат од ЕСМ.

Се додава дека набавките на електрична енергија коишто ги прави ЕСМ Продажба, се наменети за дополнителните снабдувања кои се вршат по задолженија добиени од Владата, според кои со дел од преостанатата произведена електрична енергија, а дел набавена, се снабдуваат по пониска цена количините за техничките загуби на енергија во мрежата на Електродистрибуција и во мрежата на МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните.

По одлука на Владата, со субвенционирана енергија, односно со значително пониски цени, се снабдуваат прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата. По препораки од Владата, ЕСМ Продажба по берзански цени, но со пониска маржа снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градинки, министерства и други субјекти од значење за државата.

Можете да прочитате

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава