Утрински Весник
Македонија

Ешерихија коли и други бактерии има во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани

Casa voda.jpg

Жителите на Крушеани не треба да ја користат водата од јавната чешма со кисела вода за пиење, соопшти Општина Кривогаштани.

Според извештајот за здравствената исправност на водата, издаден од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп на 6 август 2026 година, анализираниот примерок не ги исполнува условите за безбедна вода за пиење.

Во водата е утврдено присуство на бактериите Escherichia coli, intestinal enterococci и Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен вкупен број на колиформни бактерии.

Дополнително, анализата покажала зголемено присуство на манган и нитрити, пониска pH-вредност, поради што водата не смее да се користи за пиење.

Од Општина Кривогаштани ги известуваат сите корисници на јавната чешма да ја почитуваат препораката и да не ја користат водата за пиење,  објави Скопје1.мк

Можете да прочитате

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!