Утрински Весник
Македонија

Ергин Борова за хуманитарни цели исплива 23 километри во Охридското Езеро

Ergin Borova 29jul21 Foto Negova Fotografija.jpg

Ергин Борова (54г.) за хуманитарни цели исплива 23 километри во Охридското Езеро. Ергин почнал да плива во 05.17 часот наутро, од Музејот на вода, кај Свети Наум, за да го заврши околу 13.30 часот на градската плажа во Струга.

Оваа ретка акција и зафат со големи лични жртви на 54-годишникот, за пливање на маратонот кој траеше над 7 часа без прекин, се прави како чин за поддршка на дневен центар за деца со посебни потреби.

По завршувањето на едно толку долго пливање, Борова изјави: „Порано го завршив пливањето, поради добриот тренинг. Се надевам дека овој предизвик ќе ја подигне свеста за центарот за деца со посебни потреби“.

Ергин Борова е од Струга, но живее во Холандија. Последниве години е еден од оние сограѓани, кој често е присутен во родниот крај, инвестирајќи во различни проекти. Тој се надева дека оваа негова акција, која бара повеќемесечна подготовка и обука, ќе поттикне поединци или други организации да му помогнат на центарот за деца со посебни потреби во Струга.

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка