Утрински Весник
Балкан

Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања

Images 7.jpeg

Пожарникарите и итните служби интервенирале денеска во 17 часот и 12 минути кога во стан на десетти кат во Нови Сад експлодирал бојлер.

Во моментот на експлозијата станот бил празен, јавуваат српските медиуми.

Како што изјави за 021.rs портпаролот на Институтот за итна медицина во Нови Сад, Зоран Круљ, Брзата помош пренела педесет и тригодишен маж во Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица.

При влегувањето во станот се задушил од чад. Засега се истражуваат сите околности за експлозијата.

Според написите, материјалната штета во станот е голема.

Можете да прочитате

На денешен ден почна распадот на СФРЈ

Македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Грција поттикнува лов на опасна риба, риболовците ќе добиваат по 5,33 евра за килограм