Утрински Весник
Магазин

Една од најпопуларните атракции во Барселона „избришана“ од Гугл и Епл Мапс

2258177.jpeg
Img 5587

Прекрасната Барселона за многумина е дестинација од соништата. Песочна плажа, прекрасна архитектура, долги шеталишта покрај морето и опуштена атмосфера се само дел од причините зошто милиони туристи секоја година ја посетуваат каталонската престолнина.

Меѓу најпосетуваните атракции е спектакуларната катедрала Саграда Фамилија, веднаш потоа магичниот Парк Гуел – зелена оаза на ридот над Барселона кој плени со својот поглед исто колку и со спектакуларните мермерни украси на архитектурата.

300x250 (7)

И додека повеќето градови можат само да сонуваат за вакво лудило за една атракција, во Барселона прават се за да го намалат бројот на туристи во Парк Гуел, односно во целата населба Ла Салут.

Имено, имајќи предвид дека овој прекрасен парк годишно го посетуваат околу 9 милиони туристи, се почести се проблемите со сообраќајот, односно со јавниот превоз, кој практично е единственото превозно средство (покрај такси) со кое може да се стигнете до оваа локација.

Главен проблем се огромните гужви во единствената автобуска линија 116, која локалното население едвај веќе може да ја користи. Тоа предизвикува големи потешкотии, особено кај повозрасната популација, бидејќи целата населба се наоѓа на голема надморска височина.

Барселона се обиде да го реши овој проблем барајќи од секој посетител однапред да се регистрира за одредено време за да го посети паркот, но кога ниту тоа не успеа, отидоа чекор понатаму и побараа од Гугл Мапс и Епл целосно да ја избришат оваа линија од нивните карти. Барањето конечно беше одобрено и патеката до познатиот парк сега е целосно избришана.

За да стигнат до Парк Гуел, кој беше отворен за јавноста во 1926 година и стана Светско наследство на УНЕСКО во 1984 година, повеќето неупатени туристи сега ќе бидат принудени да ја користат значително поскапата опција за такси или храбро да пешачат до чудесното место дизајнирано од познатиот Антони Гауди.

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови