Утрински Весник
Македонија

Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот – Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче

Vmro Sdsm 960x535 1.jpg

Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

А ако станува збор за организираност и наведувањата дека оваа Влада е неорганизирана, би констатирале само дека единствената работа во која што владата на СДС и ДУИ беше организирана беше криминалот, организираниот криминал, затоа и впрочем нема да се чепне или да се направи ревизија на работењето, а да не излезе од тоа некаква форма на организиран криминал правен од претходната влада во таа институција.


Оттука, и логично е што на СДС ние им делуваме неорганизирано затоа што нивниот впечаток и критериум за организираност е исклучиво за организираност во некој криминал, тие не се навикнати на организирана работа на проекти, затворање дупки и реформи, затоа и ваква забуна се создава кај нив. За нив најорганизиран и за пример е веројатно нивниот партнер ДУИ со кои градат специфичен однос на ниво на политички и коруптивен садомазохизам, што може да е нов правец во политичката култура во државата, стои во реакцијата.

Можете да прочитате

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски – му изрази поддршка за крај на војната