Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Серафимовски со австрискиот амбасадор Памер

Pam 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната.

„Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни е соработката да ја продлабочиме и развиеме преку посилни институционални и деловни врски, размена на експертиза и конкретни можности за македонските земјоделци и компании”, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски и амбасадорот Памер ја нагласија потребата од поголема соработка меѓу надлежните институции, стопанските комори и земјоделските организации, како и од поттикнување на трговската размена и инвестициите во агропрехранбениот сектор и преработувачката индустрија. Во разговорот беше даден фокус и на развој на можностите за промоција на македонските земјоделски и прехранбени производи, како и извоз на македонските вина на австрискиот пазар.

На средбата стана збор и за поддршката што Австрија ја дава на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој. Посебно беше нагласено значењето на размената на знаења и експертиза во делот на шумарството и промоцијата на агротуризмот.

Можете да прочитате

Владата зела позајмица од седум милиони евра од М-Нав за да му ги префрли на ЈПДП

Малолетничка натепана од мајката и очувот

Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп