Утрински Весник
Македонија

Николоски: Финишираме со реконструкцијата на Охридскиот аеродром

2009.jpg

Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. 

” Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат.


Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати.

Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”- изјави Николоски. 

Можете да прочитате

АВМУ: Новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа без закани

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, уапсени три лица

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“