Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: Ќе покренеме иницијатива за влез на уште седум заедници во Уставот

Единствена Македонија: Ќе покренеме иницијатива за влез на уште седум заедници во Уставот
Dik 300x250 mk

Јавноста слушна за најавата на власта за започнување на постапката за измена на Уставот, со цел влез на Бугарите во македонскиот Устав. Оттука Единствена Македонија денес со соопштение информира дека Извршниот комитет на партијата донел одлука за поведување на иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во македонскиот Устав.

dobivaj vesti na viber

-Ваквата определба на Единствена Македонија тргнува од историската вистина која базира на историски извори на научна основа дека Македонија е Мајка на сите словенски народи кои тргнале од Македонија во населувањето на денешните територии каде живеат, – стои во соопштението.

Според досегашните пописи, овие националности живеат во Република Македонија а уште отсега сме сигурни дека ова би било неспорно за македонскиот народ за разлика од влезот на Бугарите кое предизивикува големи контроверзи во јавноста, велат од Единствена Македонија.

Ос партијата потсетуваат на нивниот став од 24 јули 2021 дека „доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав во согласност со меѓународно правно признатиот-принцип на реципроцитет“.

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно