Утрински Весник
Македонија

Ќе се залагам за реформи во Уставен суд и Судски совет, порача Стевчо Јакимовски

20240403 180428 Scaled.jpg

Кампањата ќе оди во две насоки, една е реформа на Судскиот совет и Уставниот суд и втората развој на наменското, воено производство, истакна претседателскиот кандидат и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски, пред почетокот на денешната Конвенција на коалицијата Храбро за Македонија.

Тој нагласи дека мора во Судскиот совет и Уставниот суд да има истакнати судии и адвокати, како и универзитетски професори а не стручни соработници.

– Република Македонија мора да се фокусира на наменската индустрија зошто глад за оружје нема само во Европа туку насекаде во светот, изјави Јакимовски. За таа намена како што кажа треба да се отвори посебна катедра за вооружување на Машинскиот факултет во Скопје

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова